Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јуанот го зголеми курсот по две години

Јуанот го зголеми курсот по две години

Јуанот за прв пат од јануари 2014 година го зголеми својот курс во однос на американскиот долар, соопшти „Прајм". 

Денеска кинеската валута е поскапе за 0,22% до 6,8934 јуани, што е со 154 поени пониско од курсот за понеделник, кога тој беше на ниво од 6,9086 јуани за долар.

До летото 2005 година кинеската валута чинеше околу 8,3 јуани за долар, по што таа почна постепено да поскапува. Највисокиот курс во однос на доларот беше достигнат во јануари 2014 година, кога се качи на ниво од 6 јуани за долар. Потоа Народната банка на Кина презеде неколку мерки за заштита на јуанот. Најчувствителниот пад беше забележан во август минатата година. Тогаш беше соборен со 3% од 6,20 до 6,40 јуани за долар, што доведе до потрес на светските финансиски пазари.

Минатата зима паднаа до 6,55 јуани за долар, а во јули и до 6,67 јуани за долар. На 10 октомври курсот падна до 6,7008 јуани за долар. Во средината на ноември, беше на ниво од 6,8295 јуани за еден американски долар.


Слично

Поврзани вести