ЈПДП: Измените за исклучиво користење на лента за наплата на М-Tag стартуваат од полноќ
„Државни патишта“ потсетува дека од уд утре пред да пристапите на патарина внимателно да ја погледнете електронската табла и да ја одберете соодветната лента за наплата. Измените за исклучиво користење на лента за наплата на М-Tag стартуваат од полноќ.
- Јавното претпријатие за државни патишта изминатиов период во неколку наврати ја информираше јавноста за измените во функционирањето на системот за наплата на наплатните станици (патарините) кои ноќеска од полноќ (15.06.2026 година) стартуваат и упатуваме последно предупредуваме дека лентите означени за MTAG ќе бидат наменети ИСКЛУЧИВО ЗА КОРИСТЕЊЕ ОД СТРАНА НА КОРИСНИЦИ СО ЕЛЕКТРОНСКИ ТАГОВИ.
Во таа насока, упатуваме апел до корисниците на услугите на наплатните станици повнимателно да ги следат информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање:
• наплата со MTAG
• наплата со MCARD, и
• наплата со CASH и MCARD
Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на лентите за МTag се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена, објави ЈПДП.
Слично
