ЈП Водовод и канализација – Скопје ги зголемува платите на вработените
„Водовод и канализација - скопј“ објави дека ќе ги зголеми платите на сите 1.278 вработени за 2806 денари заклучно со августовската. Од таму велат дека ова е прво зголемување по 13 години.
„Имајќи ги предвид предизвиците поврзани со сериозноста на економската положба во која се наоѓаат граѓаните, деликатните процеси со ценовните пазарни шокови и актуелната инфлација, состојби од кои не се исклучени и вработените во ЈП Водовод и канализација - Скопје, Директорот на ЈП Водовод и канализација - Скопје, Златко Перински ќе предложи до Управниот Одбор на претпријатието да се пристапи кон линерно покачување на платите на сите вработени во ЈП Водовод и канализација - Скопје“, соопшти јавното комунално претпријатие на Град Скопје.
Од таму додаваат дека зголемените плати следуваат и покрај долговите, а најголеми неподмирени обврски има Заеднички Служби во Државниот Клинички Центар во Скопје со долг од 124.316.964 денари и Општина Зелениково со 41.320.352 денари.
