Јове Кекеновски: во 2014 та ќе имаме позитивни ефекти од роуд шоуата на владината гарнитура!
Универзитетскиот професор Јове Кекеновски, кој веќе се промовираше за кандидат за претседател на Македонија годината што измина смета дека ќе ја паметиме и по неупехот на двете најголеми македонски политички партии да се надминат себеси и да ги надминат теснопартиските интереси. Кекеновски смета дека 2014 година ќе биде турбулентна година поради претседателските избори, но и поради можноста за одржување на предвремени парламентарни избори.
Фактор: Како ја оценувате 2013 година?
Кекеновски: На политички план можеме да бидеме задоволни од добиената петта по ред препорака за почеток на преговорите со ЕУ и тоа со една поинаква дефиниција ,,старт не преговорите без одлагање”, меѓутоа од друга страна и незадоволство од неефектна завршница на оваа препорака поради кратковидоста и неевропското однесување на нашиот јужен сосед и солидаризирањето и молкот на европските земји по однос на неетички и неправно наметнатиот спор со нашето име како и поради неефектирањето на пресудата на Меѓународниот суд на правдата од Хаг.
Неуспех за мене е и неиплементирањето на заклучоците за случувањата од 24 декември минатата година. Годинава која ни помина ќе ја паметиме и по неупехот на двете најголеми македонски политички партии да се надминат себеси и да ги надминат теснопартиските интереси, по несупехот да се изнајдат механизми кои ке ја елиминирааат меѓусебната недоверба, поради фактот што не успеаа да се договорат по нитуе едно круцијално прашање.
На економски план јас сакам да верувам дека невработеноста е намалена од 38 на 28 %, но не ми се допаѓа што задолженоста која сега е на 34% од БДП. Успех се намалените даноци и поголемиот број на потпишаните договори за слободна трговија кои очекувам да се реализирааат во текот на оваа година, меѓута долго време проблем во државата преставувааше внатрешниот долг на државата односно обврските кои тешко се исплатуваа од буџетот.
Фактор: Што очекувате на политички и економски план во 2014 година?
Кекеновски: На политички план во 2014 година очекувам турбулентна година поради претседателските избори, но и поради можноста за одржување на предвремени парламентарни избори. Секако одржувањето на овие избори (парламентарни) ќе биде од клучно значење како за опозицијата така и за позицијата. Сигурно дека во првото полугодие од годината нема да има некој поголем прогрес на полето на решавање на спорот со името поради грчкото претседателствување, но очекувам мал чекор напред во вториот дел од годината.
На економски план очекуват конечно позитивни ефекти од род шоуата на владината гарнитура како и реализација во делот изградба на повеќе инфраструктурни објекти. Би било добро да се стабилизира нивото на понатамошно задолжување, без разлика на изговорот дека сме најмалку задолжени во овој дел од Европа. Во делот на образованието сакам и очекувам да се преиспита сегашниов концепт посебно во високото образование.
Слично
