Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ: Без решение за името Македонија може да изгуби дел од својата територија!

ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ: Без решение за името Македонија може да изгуби дел од својата територија!
Профеорот Јове Кекеновски, кој важи и како потенцијален кандидат за учество на следните претседателски избори смета дека Македонија, по 22 години независност се уште се соочува со предизвици кои се закануваат на унитарноста на земјата. Тој за Фактор вели дека НАТО и ЕУ немаат алтернатива но не исклучува добри релации на Македонија со Русија, Индија, Кина. ФАКТОР: Според вас кои се политичките настани кои оставија белег во овие 22 години независност ? КЕКЕНОВСКИ: За овие 22 години независнот на Република Македонија се случија многу настани и сите тие (секој на свој начин), оставија длабоки траги и белези во поновата историја на нашата држава. Ќе се обидам хронолошки да наведам некои од нив: усвојувањето на Декларацијата за независност на Република Македонија од страна на Собранието на Р. Македнија на 25 јануари 1991 година, Референдумот за независност од 8 септември 1991 година, усвојување на Декларацијата за прифаќање на плебисцитарно изразената воља на македонскиот народа за суверена и самостојна македонска држава Македонија 17 септември 1991 година, донесување на Уставот од 17 ноември 1991 година, усвојувањето на Декларацијата за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава од 19 декември 1991 година, пуштањето во оптек на сопствена македонска валута и создавање на македонска армија во 1992 година, зачленувањето во Обединетите нации во месец април 1993 година како 181 полноправна членка, економската блокада од страна на Грција, потишувањето на привремената спогодба со нашиот јужен сосед и дводеценискиот спорот со нашето име, донесувањето на одлуката за зачленување во НАТО алијансата- декември 1993 година, косовската криза од 1999 година кога на свој трошок обезбедивме прифаќање и сместување на повеќе од 300.000 бегалци, потпишување на Спогодбата за асоцијација и стабилизација од 2000 година, вооружениот конфликт од 2001 година и потпишувањето на Охридскиот договор-август 2001 година, добивањето на статус на земја кандидат за членство во ЕУ во 2005 година, четирите позитивни извештаи на ЕК од 2008-2012 и препораките добивање на датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ, одлуката на ЕУ за либерализација на визниот режим за граѓаните на Република Македонија од ноември 2009 година и уште многу други настани и случувања. ФАКТОР: Дали сегашниот период може да се смета за одлучувачки за некои идни времиња од аспект на евроатланските интеграции? КЕКЕНОВСКИ: Како што велат ,,секое време си има свое бреме” па така и овој период. Факт е дека она што ќе се случува до крајов на годинава во многу голема мера ќе се одрази на иднината на нашата држава. Тука пред се мислам на конечно решавање на бессмслениот спор со нашиот јужен сосед околу нашето име и конечно добивање на датум за отпочнување на преговори за членство во ЕУ и прием во НАТО алијансата. Во спротивност сите опции се отворени, а пред се опцијата (без разлика дали ќе биде договорно или еднострано) за промена на унитарниот карактер на државата па дури и сецесија на дел од нашата територија. ФАКТОР: Дали Македонија треба да ја гледа и да ја бара својата иднина во членството на земјата во Европската Унија и НАТО? КЕКЕНОВСКИ: При една ваква организациона поставеност и принципи на дејствување на овие две асоцијациии (ЕУ и НАТО), кога останатите големи воени сили сеуште се обременети со внатрешни проблеми и желба за враќање на старите позиции во креирањето на светската политика, и во ситуација кога сеуште сме по разни основи ранливи и кршливи, пристиснати од соседите, ние во моментов немаме некоја друга посериозна опција освен евроатланската. Но, тоа не значи дека немаме право или пак треба да се откажеме од градење на сериозни релации и блиски економски и политички односи со некои од нив како на пример Русија, Кина и Индија.
Слично

Поврзани вести