Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јовановски: Власта за краток период ги задолжи граѓаните за 400 милиони евра

Јовановски: Власта за краток период ги задолжи граѓаните за 400 милиони евра
Власта за краток период ги задолжи македонските граѓани за преку 400 милиони евра, обвини Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.
-Денес во собранието, на комисијата за финансирање и буџет, без присуство на опозицијата е одобрен заемот од Светска банка во износ од 50 милиони долари или 38.7 милиони евра. Дополнително, во собраниска процедура денес влегува и законот за нов заем од Дојче Банка во износ од 250 милиони евра, кој истотака без присуството на опозицијата се очекува да биде донесен до крајот на оваа година. Покрај ова, само од 18 до 25 декември, или додека траеше расправата за буџетот и тепањето на пратениците, државата на домашниот пазар го зголеми долгот за нови 125 милиони евра.  Ако ги собереме на куп сите овие задолжувања, Власта во овој краток период, ги задолжува граѓаните на Република Македонија за преку 400 милиони евра“, изјави Јовановски.
Денес станува јасно, додаде, зошто Власта покажа толку голема нервоза и агресивност сите овие денови.
-Сето ова што се случуваше во парламентот, кршењето на деловникот, законот и уставот, тепањето и исфрлањето на пратениците од опозицијата надвор од Собранието, како и насилната цензура на новинарските слободи, власта го направи само за пари, и тоа за многу пари, за преку 400 милиони евра само во овој краток период. Со тоа власта покажа, дека за да ги грабне парите, спремна е сè да направи. Тие пари на власта и се потребни за да си обезбеди поддршка за своето опстојување“, рече Јовановски.
Слично

Поврзани вести