Јовановски : Премиерот молчи , стандардот се топи
“Поскапеа основни производи, струјата, бензинот, парното, се најавува ново поскапување на храната. Просечната исплатена плата во мај годинава е помала од онаа исплатена во истиот месец лани, а заради поскапувањата, со платата денес можат да се купат помалку работи. Притоа, Владата си поигра со достоинството на граѓаните што добиваат социјална помош, нудејќи им бесплатни билети за опера и балет како решение за нивните проблеми.Од јуни лани до март годинава стапката на раст на македонската економија изнесува точно нула проценти. Во првите три месеци годинава со падот од 1,4 отсто македонската економија има трет најлош резултат во однос на земјите од ЕУ, ама премиерот молчи за тоа. Работите одат на полошо, рецесијата чука на врата“
Слично
