Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јовановски: Никој не смее да ги принуди компаниите да излезат на берза

Јовановски: Никој не смее да ги принуди компаниите да излезат на берза
СДСМ обвинува дека владиното соопштение за законска обврска на  акционерските друштва во Република Македонија да котираат на Македонската берза на хартии од вредност е несериозен и недефиниран став  без разработени критериуми за кого ќе важи законската обврска. Тие сметаат дека никој не смее да ги принудува банките и фирмите да котираат на Македонската берза. „За да навистина заживее македонската берза на хартии од вредност неопходно е фирмите и банките сами да сакаат да котираат на берзата за да дојдат до повеќе капитал, и тој капитал да биде поевтин. За да се случи тоа потребни се најмалку две работи“, вели Зоран Јовановски потпретседател на СДСМ кој предлага две суштински работи. Прво, треба да се зголеми побарувачката за хартии од вредност што некоја банка или фирма ќе ги продава на берзата. За да се зголеми побарувачката, треба да се мотивираат оние што би купувале на берзата. Затоа, уште од пред година и половина СДСМ во својата изборна програма предвиде да се укине данокот на капитална добивка. Со укинат данок на капитална добивка побарувачката за хартии од вредност ќе се зголеми и фирмите ќе можат полесно да дојдат до поевтин капитал за своето работење. Втората суштинска работа што треба да се случи за вистинско заживување на македонската берза е таа да стане дел од поголема регионална берза. Во тој случај, фирмите на берзата ќе можат да дојдат до поголем капитал, а ќе има и повеќе потенцијални купувачи на хартии од вредност издадени од фирми и банки од Република Македонија.    
Слично

Поврзани вести