Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јовановски: Нема ризик за пензионерите, пари за пензиите има!

Јовановски: Нема ризик за пензионерите, пари за пензиите има!
Претставници на СДСМ денеска се сретнаа со пензионерите за , како што велат да им објаснат дека предлогот за штедење во буџетот за 2013 година, кој што СДСМ го достави до премиерот и до Владата на Република Македонија не значи стопирање на нивните пензии или пак на нивното најавено покачување. „Воопшто не се ставаат во било каков ризик пензиите на пензионерите. Пари за пензиите има“, изјави по средбата потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски. Тој им посочил на пензионерите дека опозицијата прави притисок врз владата  за да го промени своето однесување и да се однесува максимално домаќинска во дадените околности. „Всушност ние сакаме владата денеска да се стави во истата позиција во која се наоѓа едно просечно македонско семејство. Значи тешка ситуација, тешки услови за преживување, и во такви околности домаќинско однесување. Доколку се реализира целокупната заштеда што ние ја предлагаме, значи парите за пензиите на пензионерите остануваат, потребата од задолжување се елиминира и со тоа се зголемува сигурноста за исплатата на пензиите и за во иднина, не само за во наредната 2013 година“, изјави Јовановски. Тој не гледа причина зошто владата да не го прифати предлогот на опозицијата за заштеди во буџетот, бидејќи според него, со него се елиминираат само  оние трошоци кои што се непродуктивни и кои што не се соодветни за време на криза. На прашањето, што што ќе се слуши ако не се донесе буџетот дали за јануари, февруари и март ќе има пензии за пензионерите, Јовановски со одговор: „Ова е прашање кое што треба да му го поставите на министерот за финансии. Ние апсолутно мислиме дека со прифаќање на нашиот предлог се отстрануваат сите нејаснотии за во иднина. Во тој контекст ние не сакаме на било кој начин пензионерите и исплатата на пензиите да се доведе под прашалник. Затоа го предлагаме ова што го предлагаме. Парите за пензиите ги има во буџетот и ќе ги има, и ќе се исплатат зголемени пензии, а притоа владата ќе се откаже од она што не мора да го троши денеска“.
Слично

Поврзани вести