Јовановски: Нема повеќе непродуктивни задолжувања, мора да се избегне грчкото сценарио!
Вчера бевме лажно обвинети дека, спротивставувајќи се на најновото задолжување, наводно ги загрозуваме интересите на граѓаните и наводно се конфоронтираме со Светска банка, тоа е апсолутна невистина изјави денеска потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски кој смета дека, во оваа ситуација, изгледа дека СДСМ е единствениот кој суштински се грижи за интересите на граѓаните и на државата.
„Прво, да ги расчистиме дилемите околу комуникацијата со Светска банка. Нашето писмо е испратено ПОСЛЕ соопштението до медиумите од локалната канцеларија на Светската банка, што значи дека тоа нивно соопштение никако не може да биде одговор на нашето писмо. Но дури и да беше така, ние сме целосно убедени во исправноста на нашите ставови и подготвени сме во секое време да разговараме на овие теми со секој оној кој и мисли добро на државата и на граѓаните“, појаснува Јовановски.
За силната реакција на СДСМ во делот на последното владино задолжување, тој вели дека Македонија забрзано се движи кон грчкото сценарио поради што е потребна итно да се запре сегашното однесување на власта. Ако и ова најново задолжување помине, повтори Јовановски, власта комотно ќе може и овие пари да ги потроши за нови реклами, споменици или избори, потсетувајќи притоа на тоа како завршија 220-те милиони евра од ММФ, позајмени два месеца пред последните избори.
„Нема повеќе непродуктивни задолжувања. Ќе ги искористиме сите механизми кои ни стојат на располагање и ќе направиме се за да запре оваа погубна политика, и да се спречи грчкото сценарио во Македонија“, истакна Јовановски кој потсети дека мора да научиме еднаш засекогаш да се грижиме сами за себе и дека никој нема однадвор да дојде и да ни ги реши проблемите.
Слично
