Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јовановски: Најлесно е да се зголемат даноците и да ги оптовариш тие што плаќаат, потешка е борбата со неплаќачите

Јовановски: Најлесно е да се зголемат даноците и да ги оптовариш тие што плаќаат, потешка е борбата со неплаќачите

Најлесно е да се зголемат даноците, потешко е да се бориш против сивата економија, вели Зоран Јовановски, Главен советник на Управниот одбор на Стопанска комора на Македонија. Додава дека така ќе се оптоварат повеќе тие кои плаќаат данок. Академик Таки Фити, вчера во друштво на министерот за финасии Фатмир Бесимиизјави дека треба да се размислува за мала прогресија. Претходно СДСМ на чело со екс министерот Драган Тевдовски, партија чиј потпретседател беше и Јовановски, воведе прогресивен данок но се повлече од идејата и го стопираше.

„Академик предлага покачување на даноците. Тоа е најлесно да се направи, да се натоварат уште повеќе тие што плаќаат данок. Потешко е да бориш против сивата економија. Треба прво тоа да се потсреди па после да се размислува за нови или повисоки даноци, вели Јовановски. 


Фити вчера рече дека потребна е финансиска копнсолидација и проресивен данок.

„Финансиска консолидација може да се направи со кратење на владината потрошувачка особено непродуктивната еве сега како што се згради, мебел, автомобили, репрезентации и т.н или со евентуaлно зголемување на даноците. Јас велам блага прогресија не смее даночното оптоварување во Македонија толку многу да се зголеми мора да се води сметка и за данoчните стапки во нaшето опкружување односно соседните земји“, рече Таки Фити, Академик. 

Министерот за финансии, вели дека Стратегијата за даночна реформа веќе е донесена. 

„Веќе имаме усвоено стратегија од страна на Владата за реформи во даночниот систем за кои се започнати јавни расправи, за правичност и ефикаснот на даночниот систем во прибирање на приходите како и за зголемување на транспарентноста и квалитетот“, изјави Бесими. 


Слично

Поврзани вести