Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јовановиќ најави дека се подготвуваат промени кај данокот на добивка

Јовановиќ најави дека се подготвуваат промени кај данокот на добивка

Бранимир Јовановиќ, советник во Кабинетот на министерот за финансии, рече дека се размислува и се подготвуваат промени кај данокот на добивка. 

Вели дека кај данокот на добивка има многу поважни работи, отколку прогресијата, односно дека стапката не е толку битна, колку што е важно како да се регулира намалувањето на даночната основица.

„Во програмата на Владата тоа не е ставено, но дефинитивно се размислува за промени и кај данокот на добивка. Воведувањето на прогресивен данок на добивка во моментов не е толку важно, како што се важни некои други работи кај него. Данокот на добивка е многу посложен од персоналниот данок на доход и заради тоа што компаниите имаат многу можности за намалување на основицата и за избегнување на т.н. повисока стапка и заради тоа прогресивниот данок на добивка не е приоритет кога се разгледуваат опциите за промена на данокот на добивка. Но, дефинитивно се размислува за промени. Не само што се размислува, туку имаме и препораки од меѓународни организации, и од стопански комори, што е можеби зачудувачки“-изјави Јовановиќ. 

Тој не даде детали на кој начин тоа би функционирало. 

Слично

Поврзани вести