„Јовано, Jованке“ ечи среде африканска прашума – Пигмеите ја пејат во хор за инфлуенсерката Јована Квржиќ
Убаво е кога ќе слушнете македонска песна како се пее некаде во светот, нели!? Но, дали сте очекувале дека песната „Јовано, Јованке“ би можеле да ја слушнете и среде африканска прашума? Српската инфлуенсерка Јована Квржиќ, раскажува како настанало ова нејзино вирално видео...

За оние што не знаат Јована Квржиќ е српска инфлуенсерка, која пропатувала 120 земји, а одговарајќи на прашањето кој миг од последното патување во резерватот Џанга Санга ќе го помни до крајот на животот, таа вели дека е мигот кога Пигмеите во прашумата ѝ ја пееле народната македонска песна.

„Падна мрак, го повикавме шумскиот дух затоа што Пигмеите веруваат во анимизам – една од примитивните религии според која сè околу нас има душа (растенија, планини, ѕвезди, шума…) и нема јасна граница помеѓу физичкото и духовното; тие танцуваат и пеат без престан, а ние им се придружуваме…
Повеќе на Женски Магазин...