Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈОВАН ТРПЕНОВСКИ: Судот да размислува така како што диктираат доказите

ЈОВАН ТРПЕНОВСКИ: Судот да размислува така како што диктираат доказите

Поранешниот јавен обвнител на Македонија Јован Трпеновски во својот првичен кометар вели дека првичниот настап на Специјалното јавно обвнителство охрабрува, сега додава тој треба да очекуваме што понатаму.

„Првичниот настап на Специјалното Јавно Обвнителство охрабрува, особено со она кое го изнесе, а тоа се инкриминациите за сторени кривични дела, нормално запазувајќи ја пресумпцијата на невиност, без да ги каже сторителите на делата. Двете обвинителки кои ги презентираа сомневањата покажаа врвна професионалност. Од анонимноста ќе излезат сега, а нивната вредност ќе се потврди во понатамошната работа“, вели Трпеновски.

Специјалното јавно обвинителство ја креира кривичната постапка со докази кои ќе претставуваат база. Сега прашање е дали судот ќе може да го следи со истата професионалност, како што тоа го направи Специјалното јавно обвнителство, смета Трпеновски.

„Судот постапува врз доставениот материјал, силината на материјалот, тежината на доказите кои ќе ги достави Специјалното јавно обвнителство, ќе мора да го натераат судот да размислува така како што диктираат доказите. Ако доказите утврдат дека е сторено кривично дело, судијата нема избор, мора да ги рспектира доказите и мора ги почитува законот. Судот ќе мора соодветно да реагира, а судската одлука мора да кореспондира со самите докази“, вели Трпеновски, кој не очекува дека ќе претстанат притисоците врз Специјалното јавно обвнителство, дури нема да се изненади ако се зголемат притисоците и врз судството.

Слично

Поврзани вести