Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јосиповиќ го разреши својот советник – рекол дека референдумите за независност од Југославија биле недемократски

Јосиповиќ го разреши својот советник – рекол дека референдумите за независност од Југославија биле недемократски
Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ денеска го разреши својот близок советник и главен политички аналитичар Дејан Јовиќ. Причината е мислење на експертот изразено во „Политичка мисла“, списанието за политологија на Факултетот за политички науки во Загреб, во кое тој оценува дека сите референдуми за независност во поранешна Југославија, освен црногорскиот во 2006 година, биле многу нелиберални и антидемократски. „Можеби се ’демократски’, ако под ’демократија’ подразбирате само утврдување кого го има повеќе, а кого помалку“, напишал Јовиќ. „Но либерални секако не беа, бидејќи немаше доволно слобода за секој без оправдан страв од драстични последици да може да го каже точно она што го мисли“. „Немаше доволно слобода, а ја нема ниту денес. Агресивноста и насилството беа главни карактеристики на нашите референдуми за независност“, додава Јовиќ во коментарот под наслов „Само во легендите секој народ сака своја држава. Во реалноста - не“. Ваквиот став на Јовиќ, го разлутил Јосиповиќ, кој отворено изјавил дека не се согласува со мислењето на неговиот советник. „Станува збор за изјава која е штетна и погрешна и затоа донесов одлука за разрешување на господинот Јовиќ“, објавил хрватскиот претседател.
Слично

Поврзани вести