Јосифовски: Сертификатите да се укинат и за одење на кафе, не само за моловите
Здравко Јосифовски, претседател на Независната угостителска комора (НУК) не се согласува со прелдогот на Комисијата за заразни болести да се укине сертификатот само за влез во моловите, но не и во угостителските објекти.
Вели дека оваа мерка веќе нема оправдување, односно дека меѓу граѓаните прави поделби, а на угостителите им прават голема материјална штета.
Од друга страна се покаѓа и дека вакцинацијата не е гаранција за тоа дека нема да се пренесе вирусот. Потоа, очигледно е дека пандемијата спласнува и дека голем дел од населението стекнало имунитет. Тоа го кажуваат и надлежните – смета Јосифовски.
Тој додава дека точно две години угостителите работат во вонредни услови и со локдауни. Вакцинален сертификат за влез во објектите се бара веќе седум месеци.
Слично
