Јосифовски: Бројот на гости не е ниту една третина од таа пред понеделникот
Здравко Јосифовски, претседателот на Независната угостителска комора, вели дека угостителите денеска немаат ниту една третина од гостите кои ги имале до понеделникот, по стапувањето на сила на владината мерка за забранет влез за невакцинирани граѓани.
„Угостиотелските објекти се експериментални финлтри за тоа дали може да функционира селекцијата на граѓаните. Бројот на граѓани е многу помал од оној кој што ја прележал болеста или не се вакцинирани, а тоа директно резултира на смалениот број на гости.
Од друга страна начинот кој што се бара преку редарски служби да се врши легитимирањето сметаме дека е неетичко и истиот е деградирачки во однос на гостите и угостителите“, вели Јосифовски денеска за РСЕ.
Тој вели дека Владата се декларирала како „подготвена да ги надомести сите штети“, но вели дека во тоа нема прецизна дефиниција. Предупреди дека вработените во угостителството своето незадоволство од оваа мерка ќе го „искажат на избори“.
Јосифовски смета дека угостителите немаат средства ниту можат да најдат редари за таму каде што има повеќе од 30 места за седење, додека шанкерите и келнерите не сакаат „да се преквалификуваат“ во оваа функција.
