Јорданов ги повика бизнисмените да ги искористат платформите на „Македонија 2025“
Македонскиот бизнисмен, Минчо Јорданов, во интервју за Нетпрес, апелираше до бизнис заедницата да биде поактивна во однос на користењето на можностите што ги нуди платформата “Македонија 2025“, каде што е член на Управниот Одбор.
Јорданов, во пресрет на Глобалниот самит кој вторпат ќе се одржи есенва, ги кани бизнисмените, не само да учествуваат на него, туку преку Саемот и канцеларијата да создаваат врски со дијаспората што ќе ја помогнат македонската конкуретност и македонската размена на знаења што е исклучително важно за оваа криза.
„Се покажа дека сите слабости кои ги има македонското стопанство во една глобална криза покажуваат повисок степен. “Македонија 2025“ е еден извонреден мост кој што овозможува трансфер на знаења, иновации, технологии на know-how. Оваа платформа навистина не става во контекст на исклучително важни Македонци кои во светот постигнале успех во низа стопански гранки. Тие можат да ни помогнат и тоа е нашата цел. Но,се бара многу поактивен однос на македонските компании. Затоа упатувам повик за поголемо вклучување на македонските компании да се искористи Самитот 2013 и нашите платформи, па преку нашата канцеларија да се воспостават интензивни контакти кои ќе овозможат реализација на целите, конкурентност, иновативност и ќе и помогнат на македонската економија да се развива со повисоки стапки, посебно во време на криза“ - истакнува Јорданов во интервјуто.
Слично
