Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јордан ќе обезбеди работа за сириските бегалци?

Јордан ќе обезбеди работа за сириските бегалци?
По новиот трговски договор со Европа и наплив на странски инвестиции, се очекува Јордан да обезбеди  200.000 работни места за сириските бегалци. Новиот договор е попишан од јорданскиот министер за планирање, Имад Факору на годишна конференција за помош на Сирија во Лондон.  Според овој договор, Јордан ветува дека ќе им овозможи на околу 200.000 сириски бегалци да работат легално, иако идејата е одбиена во минатото, бидејќи земјата имаше голема невработеност. Тоа би значело нов пристап за справување со најголемата криза во последниве децении. Но, високи официјални лица признаваат дека можеби се потребни неколку години за да се постигне таа цел. За возврат Јордан ќе ги пласира своите производи на европскиот пазар, ќе добие поволни кредити и грантови. Извозот ќе биде добредојден за фабриките во Јордан, кои претрпеа штети поради војните. Сопствениците на бизниси во Јордан сакаат да вработат Сиријци, затоа што ги сметаат за вредни работници.
Слично

Поврзани вести