Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јолевски се сретна со Иванов

Јолевски се сретна со Иванов
Новоизбраниот министер за одбрана Зоран Јолевски денеска имаше средба со шефот на државата Ѓорге Иванов, врховен командант на Армијата на Република Македонија. „На средбата претседателот Иванов и министерот Јолевски разменија мислења за развојот на Армијата на Република Македонија во согласност со приоритетите на НАТО во рамките на концептот „мудра одбрана“ и за учеството на Армијата на Република Македонија во меѓународните мисии под НАТО, ЕУ и ОН. Министерот Јолевски го информираше претседателот Иванов за планот за претстојните активности поврзани со Самитот на НАТО во Велс оваа година“, стои во краткото соопштение од претседателскиот Кабинет. Соговорниците се согласиле дека покрај уставните и законските обврски и должности на Министерството за одбрана и АРМ, реформските процеси во функција на одржувањето на компатибилноста со НАТО стандардите на АРМ и членството на земјата во Алијансата претставуваат врвни приоритети и во наредниот период. Во таа насока била договорена натамошна тесна соработка и координирани ангажмани меѓу врховниот командант, Министерството за одбрана и АРМ. Јолевски и Иванов изразија задоволство од фактот дека АРМ е институцијата во која граѓаните имаат најголема доверба, и искажаа подготвеност за максимална посветеност за таквата перцепција на граѓаните и понатаму да продолжи. Во соопштението нема информација дали двајцата разговарале за можниот наследник на Јолевски на преговарачката позиција во разговорите со Грција околу името. Колку „тежат“ министрите? Јолевски му го презеде првото место на Јанакиески!
Слично

Поврзани вести