Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јолевски: Македонија на соодветен начин се справи со бегалците

Јолевски: Македонија на соодветен начин се справи со бегалците

Mинистерот за одбрана, Зоран Јолевски денеска во Виена изјави дека Македонија се докажа како сериозен партнер во справувањето со безбедносните предизвици.

Тој вели дека земјава ги споделува проценките за безбедноста и континуирано дава значаен придонес кон евроатлантската стабилност. Македонија активно придонесува и во рамките на колективните напори за справување со современите предизвици, закани и ризици.

„Државните институции дејствуваат координирано и имаат воспоставено добра координација и соработка со земјите долж Балканската рута. Убедени сме дека нашите напори ќе бидат соодветно вреднувани и дека Македонија ќе го добие своето заслуженото место во евроатлантското семејство“ - вели Јолевски.

Според него, земјава на соодветен начин се справи со бегалците и мигрантската криза.

Во Виена беше истакната и важноста на Македонија во справувањето со миграциските текови.

На состанокот учествуваат министрите за одбрана на Австрија, Македонија, Чешка, Хрватска, Унгарија, Црна Гора, Србија, Словенија и Словачка. Австрија како актуелен претседавач и координатор со ЦЕДЦ ќе ја информира Европската унија и меѓународните партнери за прогресот и нивната интеграција во натамошните активности.

Слично

Поврзани вести