Jолевски:Македонија е посветена на менаџирање на бегалската криза
Македонија како земја кандидат за членство е посветена на заедничкиот, координиран и сеопфатен пристап кон менаџирање на бегалската криза.
Ова го изјави министерот за одбрана, Зоран Јолевски заедно со поранешните секретари на САД и Британија, Олбрајт и Милибанд, вчера на Конференција во Вашингтон за мигрантската криза со која се соочува Европа.
„Македонија како и досега покажа дека е сериозен партнер за соработка во справувањето со безбедносните предизвици“- рече Јолевски.
Тој го поздрави и го поддржа договорот помеѓу Европската Унија и Турција за бегалската криза. Јолевски наведе дека е потребна проактивна улога на Европската унија и ангажман на САД за справување во кризата, но и долгорочна стратегија за соочување на овие предизвици. Според него, треба да се обезбеди поголема поддршка на непосредните соседи на Сирија, како што се Турција, Либан и Јордан. Со ова смета министерот, ќе се создадат услови бегалците да останат поблиску до Сирија и Ирак, со што се зголемуваат можностите за враќање во нивните домови.
