Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јолевски:Македонија е партнер од доверба кој ги исполни сите критериуми за НАТО

Јолевски:Македонија е партнер од доверба кој ги исполни сите критериуми за НАТО

Република Македонија е партнер од доверба кој ги исполни сите критериуми да биде дел од НАТО и од Европската унија.

Ова го изјави министерот за одбрана, Зоран Јолевски во обраќањето на меѓународниот форум „To Be Secure“ што денеска и утре се одржува во Будва, Црна Гора.

Министерот кажа дека земјата се потрудила да обезбеди хуман третман на мигрантите и нивен транзит низ државата.  Јолевски го поздрави договорот помеѓу Европската унија и Турција за мигрантската криза и повика на создавање на сеопфатна стратегија која ќе ги опфати не само членките на Унијата, туку и земјите засегнати од оваа голема криза, меѓу кои и Македонија, Турција, но и онаму каде се создава кризата, во Сирија и Ирак.

„Оваа криза ги надмина и најпесимистичките предвидувања. Токму затоа постои потреба земјите долж Балканската рута да бидат слушнати. Треба да имаме предвид дека Македонија ја штити Шенген зоната и затоа соработката и изнаоѓањето решенија мора да ги вклучи сите земји кои се засегнати“ - рече  Јолевски.

Тој оствари одвоени билатерални средби со министерот за одбрана на Црна Гора, Милица Пејановиќ – Ѓуришиќ и со заменик-министерот за национална одбрана на Турција, Шуаи Алпаи. Покрај тоа, имаше кратки средби и со претседателката на Хрватска, Колинда Грабер Китаровиќ и со заменик-генералниот секретар на НАТО, Александар Вершбоу.

Слично

Поврзани вести