Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јолевски ќе бара повеќе пари за одбраната

Јолевски ќе бара повеќе пари за одбраната
Министерот за одбрана Зоран Јолевски најавува зголемување на буџетот за одбрана. Предлогот треба да биде изготвен до крајот на неделата, а со него од Владата ќе се бараат повисоки и посоодветни средства за потребите на одбраната. „До 15-ти, до петок треба да го доставиме предлогот за буџетот. Во овој буџет има серизоно зголемување на средствата како за модернизација, така и за животот на припадниците на АРМ“, вели Јолевски. Во наредните три до пет години, Министерството за одбрана планира и кратење на трошоците во одредени сегменти за партите да се пренасочат кон модернизација и побрз армиски техничко- технолошки развој. Во оваа насока, Јолевски ќе бара поддршка и од домашните компании. Идејата била „да се поврзе патриотизмот на војниците со опремата произведена во Македонија“.  
Слично

Поврзани вести