Јолески за Алсат: Војската има и кревети од ЈНА, ама и опрема. Ако се употребливи нема зошто да се фрлаат
Министерот за одбрана Зоран Јолески, во интервју за Алсат-М, не сака да коментира за прислушуваните материјали на опозцијата во кои поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска посочува дека војниците спијат на кревети и се покриваат со ќебиња од времето на ЈНА. Сепак Јолески вели дека не само кревети, туку има и опрема од тоа време, и ако се во функција не гледа зошто да бидат фрлени.
„Се што е во функција не гледам зошто да го фрлиме во ѓубре“, изјави Јолески за Алсат-М.
На прашањето, што се се барало од странските амбасади како помош после поплавите, и дали под изговор на поплавите се барала и дополнителна опрема, која не е неопходна за полавите што се случија изминатиот месец, Јолески, прво одговара дека не знае за такво нешто и не сака да коментира, за потоа да појасни дека сите институции правеле списоци, а тоа го координарала владата.
„Кризата беше од такви размери што меѓународната заедница требаше да ја покаже солидарноста со РМ. И можеби некои институции барале нешто штоможеби ќе им треба и за во иднина. Зошто да не се искористи оваа криза за државните инстиуции да се снабдат со одредени производи и опрема кои во иднина ќе им биде потребни за справување со други кризи, изјави Јолески за Алсат-М.
Но, на инсистирање на телевизијата да добие одговор за спискот што се се барао, и далид е барале дефендери, чамци, камиони, Јолески побара интервјуто да биде прекинато.
Овие делови почнуваат од 8-та минута во интервјуто:
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?time_continue=573&v=c9N45avb1ow[/embed]