Јоханес Хан немоќен, кризата продолжува!
Посредникот во преговорите за решавање на кризата во земјава, еврокомесарот Јоханес Хан, ни после маратонската рунда разговори во Брисел не успеал да ги убеди лидерите на власта и опозицијата да најдат заеднички јазик и пронајдат излез од ќор-сокакот во кој оваа мала балканска земја се наоѓа.
„Разговорите беа отворени и детални, но уште без конечен договор“; соопшти Европската комисија, која ги повика македонските лидери да пронајдат компромис без колебање да ги дефинираат деталните договори.
Извори од ЕУ, пред почетокот на оваа рунда преговори, најавуваа дека Јоханес Хан во случај на неуспех понатамошното водење на дијалогот ќе го препушти на пониски службеници на ЕУ.
Суштински , премиерот Груевски го прифатил барањето на опозицијата, односно се согласил на формирање на техничка влада, но под услов да ја задржи власта до крајот на годинава.
Лидерот на опозицијата, Заев го одбил ваквото решение.
Начелниот план кој го промовираше ЕУ вклучуваше формирање на преодна влада неколку месеци пред изборите.
Притисокот на Хан врз Заев на вакво решение бил голем, но лидерот на опозицијата ги отфрлил предлозите тврдејќи дека е невозможно да се организираат фер избори со влада на чие чело се наоѓа Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
На страната на Груевски, наводно застанале албанските лидер Али Ахмети и Мендух Тачи.
