Јоханес Хан најавува нов пристап за решавање на спорот околу името
Нов пристап и поголема ангажираност на Европската унија во напорите за изнаоѓање на решение за спорот околу името најавува новиот еврокомесар за европско соседство и преговори за проширување Јоханес Хан. Тој денеска ја имаше првата средба со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во Брисел.
„Сега има повторно преговори, но исто така е важно ЕУ да преземе поактивна улога во ова. Ова е несомнено нешто со што ќе се занимавам, но за сега ова е се што можам да најавам ништо повеќе, ништо помалку. Бидете сигурни дека поранешната југословенска република Македонија е на врвот на нашата агенда за проширување и би сакал да истакнам дека иако беше најавено дека нема да има нови пристапувања во следните пет години, тоа не значи дека ќе нема преговори. Затоа сум комесар за претпристапни преговори. Важен е квалитетот, а не брзината“, рече Хан.
И на новата рунда разговори за името во Њујорк, посредникот Метју Нимиц денеска потврди оти кај Европската унија има засилен интерес македонско-грчкиот спор да се реши бидејќи тој ги блокира евроинтеграциите.
Слично
