Јоханес Хан, комесар за проширување – барам воздржаност од сите
"Длабоко сум загрижен за развојот на настаните во регионот на Куманово, за ранетите и загинатите лица. Барам властите и сите политички лидери и лидери на заедниците да соработуваат, да го вратат мирот и целосно да ги истражат настаните на објективен и транспарентен начин во рамките на законот. Барам од сите актери да покажат голема воздржаност. Секоја идна ескалација мора да се избегне во интерес на целосната стабилност на земјата", изјави вечерва преку соопштение комесарот за проширување Јоханес Хан.
Слично
