Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јоханес Хан: Кинеските инвестиции на Балканот се потенцијален извор на нестабилност

Јоханес Хан: Кинеските инвестиции на Балканот се потенцијален извор на нестабилност

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во интервју за „Фајненшл Тајмс“ дека Европската комисија го потценила влијанието на Кина во Западен Балкан.

Тој изрази загриженост за западнобалкснаките земји кои договараат кинески кредити за инфраструктурните проекти, бидејќи тие го зголемуваат ризикот од долгорочни штети во кревките економии.

Ханм истакна дека кинеските кредитори никогаш не правеле пресметки дали земјата должник е способна да ги врати ратите и стравува дека Пекинг во тој случај ќе бара да ги земе проектите под своја собственост.

Признава дека европските банкарски институции не се најбрзите и бараат многу ислови, но во крајна смисла се „најчесните партнери“.

Кина во последно време направи значителни инвестиции во рамки на програмата „16+1“ во која се вклучени 11 членки на ЕУ и пет земји од Западен Балкан - Србија, БИХ, Албанија, Македонија и Црна Гора..

Според Центарот за меѓународни и стратегиски истражувања, Кина вложила 9,4 милијарди долари во 2016 и 2017-та во овие земји, од кои половината пари се инвестирани во западнобалканските земји.

Слично

Поврзани вести