Јохан Тарчуловски се врати дома
Јохан Тарчуловски пристигна во Македонија. Тарчуловски на аеродромот „Александар Велики“ најпрво го пречекаа неговите две дечиња, а добредојде му посака и премиерот на Република Македонија Никола Груевски. Според најавите се очекува македонскиот бранител да добие и нов беометриски пасош кој ќе му биде врачен од страна на министреката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
За пречекот на Тарчуловски денеска е организиран бесплатен автобуски превоз од страна на здружението на граѓани за поддршка на Јохан.
Трчуловски на аеродромот им се заблагодари на сите граѓани кои го пречекаа и ги повика на заедничко дружење на плоштадот „Македонија“.
Јохан Тарчуловски беше ослободен од затвор откако издржа две третини од 12 годишната казна која му ја изрече Хашкиот трибунал поради сторени воени злосторства за време на конфликтот во 2001 година.
Слично
