ЈО Тетово ја отфрли кривичната пријава за „Југохром“
Кривичната пријава што партијата ДОМ ја поднесе против „Југохром“ е отфрлена од страна на Јавното обвинителство во Тетово иако е еден од двата загадувачи кој со несмалено темпо продолжи да ја загадува животната средина, истакна денеска портпаролот на ДОМ, Тони Ристов.
Од партијата искажаа крајно незадоволство по однос на ваквата одлука на Јавното обвинителство и истакнаа дека истата е неприфатлива бидејќи и со тоа „Југохром“ и понатаму продолжува да не го почитува Законот за животна средина според кој сите големи загадувачи требаше да направат еколошко прилагодување до 1 април 2014.
„Неприфатливо е отфрлањето на кривичната пријава на ДОМ, зашто таа се однесува на непочитувањето на Законот за животна средина од стана на Југохром, со кој сите големи загадувачи требаше да направат еколошко прилагодување до 1 април 2014. За жал Југохром беше еден од двата загадувача кои продолжија да го загадува воздухот со несмалено темпо, необрнувајќи внимание на поплаките и укажувањата од јавноста, наведе Ристов.
Според него, решението на обвинителството покажува непрепознавање или замижување пред кривичните дела кои ги има сторено Југохром, а кои имаат директно влијание врз животот и здравјето на луѓето и се главни причинители за менувањето на квалитетот на воздухот, водата и почвата во овој регион.
Слично
