ЈО: Прибрани докази за инцидентот кај кумановско Диво насеље
Завршена е постапката за идентификација на осомничените која ја спроведуваше Основното јавно обвинителство преку меѓународна правна помош и се прибрани дел од доказите.
Почната е и процедурата за екстрадиција на едно од осомничените лица а п рибавено е криминалистичко – техничко вештачење на предметите и трагите прибрани од лице место по извршениот увид.
Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во досегашното расветлување на настанот од 9 мај годинава кој се случи кај кумановско Диво насеље велат дека продолжува истрагата за преземање на дејствија и мерки со цел утврдување на факти во предметот и на кривичната одговорност на сторителите, при што се врши и сослушување на сведоци и осомничени во предметот.
Во кумановскиот инцидент убиени беа 22 лица – осум полицајци и 14 терористи. Над 37 вработени полициски сили се повредени. Триесетина од терористите се предадоа и во моментов се одржува распит.
Слично
