Јетон Шаќири за „рамковните“: Ќе се раскине работниот однос ако не ја прифатат трансфер-листата
Министерот за информатичко општество Јетон Шаќири за Телма рече дека со новиот закон кој беше утврден вчера на владина седница, вработените „по Рамковен договор кој седат дома и земаат плата“ ќе бидат отпуштени доколку одбијат да бидат прераспределени според трансфер-листата која ќе ја изготви неговото министерство.
Станува збор за 1.420 лица за чии плати во Буџетот за 2021 се проектирани 9,3 милиони евра.
- Има меѓу нив такви што сакаат да одат на рбаота, но поради процедурите ја имаме оваа ситуација. Ако тие првично не прифатат, ќе се најдат на трансфер листа и ќе се раскине работниот однос ако не го прифатат барањето од другата институција за нивно превземање, рече Шаќири.
Вработените за кои е познато дека 10 години ја немаат заработено платата која ја примаат со новиот закон ќе им се даде рок од 7 дена да прифатат одредено работно место според планот на Владата, а ако одбијат ќе одат на трансфер-листа на МИОА. Таму ќе имаат рок од 5 дена да потпишат дека ја прифаќаат понудата, или во спротивно трајно ја губат работата.
