Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ревизијата на Жерновски за Скопје 2014, ќе ги чешла договорите со српската леарница „Јеремиќ“!

Ревизијата на Жерновски за Скопје 2014, ќе ги чешла договорите со српската леарница „Јеремиќ“!
Српската леарница “Јеремиќ”, беше главниот актер во однос на лиењето на скулптурите од проектот “Скопје 2014”. Според информациите од официјалната страна на леарницата, тие за потребите на владиниот проект сработиле повеќе од  30 скулптури. Во своето образложение, леарницата пишува дека  на пазарот во Македонија, успеале во силната конкуренција со Италија и Хрватска, токму тие да добијат голем дел од планираните работи за реализација на проектот “Скопје 2014”, што како то образложуваат ќе им донесе значаен приход. - Се работи за проект кој се однесува на културниот и историскиот идентитет, кој не само што опфаќа архитектонска обнова на македонската претстолнина и поголемите други градови, туку и поставување на многу споменици, фонтани и паркови, проект со кој што до крајот на 2014 година,  не само што ќе бидат обновени објектите кои биле срушени уште во земјотресот 1963 година, туку  комплетно ќе се смени ликот на Скопје и неколку значајни туристички локации. Повеќе од 30 скултури излиени во нашата леарница се поставени на неколку плоштади во Скопје, стои во образложението на официјалната интернет страна на леарницата “Јеремиќ”. Дел од скулптурите што се излиени во оваа лерница се на Филип Македонски и другите скулптури и релјефи на плоштадот во скопската населба Автокоманда, Јане Сандански во Аеродром, скулптурите на Порта Македонија, Питу Гули, АСНОМ, Кирил и Методиј, Прометеј и Паднатите херои, на Ѓорѓија Пулески,  Димитрија Чуповски, споменик на револуционерот Ѓорче Петров и многу други. Што пишува на македонското биро за Јавни набавки Но, на интернет страната на македонското Биро за јавни набавки, стојат само четири склучени договори, сите со општината Центар. Сите четири договори се склучени во неомври 2010 година, три од нив дури во ист ден на 02.11.2010 година. Најскап е договорот за изработка на скулптури на Паднатите херои за Македонија во бронза и изработка на рељефи во бронза, близу 275 илјади евра. Истиот ден на 2-ри ноември 2010 година е склучен договор за изработка на скулптура на Димитрија Чуповски во бронза и изработка на релјефи во бронза, во вредност од близу 80 илјади евра. Општината Центар склучила со леарницата Јеремиќ за изработка на скулптура на Ѓорѓија Пулески и изработка на релјефи во бронза, во вредност од 78.048 евра, исто така на 2-ри ноември 2010 година. Во едниот договор склучен на 12.11.2010 година, не е наведено точно кои склуптури за цена од близу 184 илјади евра ги изработила оваа леарница, односно под делот за предмет на договорот единствено стои “Изработка на скулптури во бронза”. Афера Галеника Сите овие договори биле склучени од страна на поранешното раководство на општината Центар. Со оглед на тоа што сопственикот на српската леарница “Јеремиќ”, Миодраг Јеремиќ е  меѓу осуммината уапсени полициската акција за „случајот Галеника“, како осомничен за финансиски малверзации со купување и продажба на скулптури и лекови, се поставува прашањето како се склучувани договорите со Македонија? Уапсените во “случајот Галеника” се осомничени дека во 2009 и 2010 година со набавката на суровини за фармацевтската компанија, со купување и продажба на споменици и лекови ја оштетиле „Галеника“ за 12 милиони евра. Како што пишуваат српските медиуми, во текот на истрагата оваа сума се очекува да се зголемува. „Галеника“, без да ја почитува процедурата, купила од Јеремиќ 12 споменици, чија цена ја надминувала реалната вредност и до 20 пати, пишува „Политика“. Со овој бизнис сопственикот на леарницата и неговите соработници заработиле 70 милиони динари, а „Галеника“ била оштетена за 200 милиони динари. Ревизијата ќе ги опфати и договорите со Јеремиќ Новиот градоначалик на општината Центар уште пред ваквите случучувања најави комплетна ревизија на проектот “Скопје 2014”, која како што коментираат извори за Фактор ќе даде одговор и за договорите склучувани со леарницата „Јеремиќ“. Ревизијата на проектот “Скопје 2014” ќе ја покаже и можната оправданост за референдум за дислокација на одредени споменици сметаат експертите. Комисијата за ревизија, составена од поранешните претседатели на Комисијата за спречување на корупцијата, Слаѓана Тасева и Драган Малиновски, за 90 дена треба да ги соопшти  прелиминарните резултати, а за шест месеци треба да биде готов и комплетниот извештај. Ј.С
Слично

Поврзани вести