Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јенс Столтенберг вели дека промената на границите ќе го загрози регионот

Јенс Столтенберг вели дека промената на границите ќе го загрози регионот

Промена на границите на Балканот би ја загрозиле стабилноста во регионот, изјави  генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. 

„Веруваме дека НАТО игра важна улога во стабилноста на регионот, преку членките како Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Хрватска и Словенија и партнерите, вклучително и Србија, со која работиме, иако јасно изјави дека нема намера да влезе во НАТО. Ние работиме со Босна и Херцеговина на нејзиното членство во НАТО. Она што ни треба е дијалог, така што со години го поддржувавме дијалогот меѓу Приштина и Белград“, рече Столтенберг.

И претседателот на државата, Стево Пендаровски ја отфрли идејата за промена на границите, како премногу опасна.

Словенечкиот нон-пејпер од пред две недели, предвидува прецртување на границите на шест балкански земји, поделба на БиХ и создавање „Голема Албанија“ и „Голема Србија“, а новиот, далеку посериозен предлог е за поделба на Косово. Србија сериозно ќе ги разгледа овие предлози, но признавање на Косово за Србија е неприфатливо. 

Слично

Поврзани вести