Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАЗ МЕЃУ ПЛАТИТЕ: Кој е на дното, а кој на врвот со приходи?

ЈАЗ МЕЃУ ПЛАТИТЕ: Кој е на дното, а кој на врвот со приходи?

Зависно од секторот има големи разлики во платите во Македонија. 

Стандардно најслабо платени се луѓето кои се занимаваат со производство на чевли и облека. 

Само 13 743 денари се заработуваат во Производство на кожа и слични производи од кожа, а 14 883 денари  во производство на мебел. 13 736 денари во Заштитни и истражни дејности, и 15 028 денари во Производство на облека. 

112 831 денари е просечна исплатена месечна нето-плата по вработен, во јануари 2018 година во секторот Спортски, забавни и рекреативни дејности, објави Државниот завод за статистика. 84 240 денари е во воздухопловен транспорт. 

52 908 денари е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности. 

42 697 денари во телекомуникации, а 39 713 денари е во финансиски и дејности на осигурување. 

41 056 денари во информации и комуникации, а 39 806 денари во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. 

44 159 денари во Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати. 

Слично

Поврзани вести