Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јавното обвинителство тврди дека Младенов загинал во несреќен случај?!

Јавното обвинителство тврди дека Младенов загинал во несреќен случај?!

Сопственикот на „Фокус“ и познатиот новинар, Никола Младенов загина во несреќен случај, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителството донесе заклучок дека според сите докази произлегува дека станува збор за сообраќајна несреќа и дека нема основа дека смртта на Младенов е производ на кривично дело, изјави Гордана Гешковска, шеф на скопското обвинителство.

Возилото кое го управувал  Никола Младенов не било лоцирано според мобилниот телефон, како што беше првично соопштено . Несреќата била пријавена од две лица кои се движеле по автопатот Велес - Скопје.

Обвинителството нема сознанија каде се наоѓал Младенов во критичната ноќ, ниту пак каде  бил неговиот мобилен телефон кој се уште не е пронајден.

„Не е утврдено каде бил Младенов од разговорот со неговата сопруга. Од листата на повици од телефонот, кој ни го посочи сопругата, последниот повик што е регистриран е во 16 часот на 26 март“,вели Гешковска.

Судската медицина не може ниту со прецизност   да го утврди точното  време кога настапила смртта. Според изјавите на обвинителката, пак, од истрагата не е утврдено ниту времето на смртта, таа сè уште е заведена ноќта помеѓу 26 и 27 март.

„Од обдукциониот наод е констатирано дека на телото на Младенов биле забележливи поголем број надворешни повреди, а фатално било раскинувањето на аортата. Според вештаците од судска медицина, кај сообраќајните несреќи што настануваат поради неприспособена брзина најчеста причина за смрт е кинењето на аортата, што го запира функционирањето на сите витални органи“, појасни Гешковска.

Од спроведената истрага Јавното обвинителство констатирало дека Младенов возел со брзина од 142 километри на час. Обвинителството не пронашло траги за присуство на друго лице ниту во возилото, ниту на местото на несреќата.      
Слично

Поврзани вести