Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јавното обвинителство ќе ја води комисијата за истрага на хеликоптерската несреќа

Јавното обвинителство ќе ја води комисијата за истрага на хеликоптерската несреќа
Комисијата која треба да спроведе истрага за хеликоптерската несреќа кај Струмица, во која животот го загубија четворица врвни пилоти на МВР, веќе е формирана, потврди полицијата. Телото ќе го води Јавното обвинителство, а ќе биде составено од повеќе експерти во различни области. Оваа комисија ќе треба да изготви извештај во кој се очекува да бидат расветлени причините за катастрофалната несреќа на полицискиот хеликоптер. Според досегашните сознанија, хеликоптерот МИ-17 удрил во антенски столб на Македонската радиодифузија висок 120 метри, по што паднал на земја и експлодирал. Пилотите во текот на летот не пријавиле технички проблеми со леталото. Одредени податоци треба да дадат и двете црни кутии од хеликоптерот, кои се предадени за отворање и читање кај производителот. Комисијата ќе треба да истражи и дали антенскиот столб бил соодветно осветлен, податок за кој досега постојат контрадикторни информации.
Слично

Поврзани вести