Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јавното обвинителство бара притвор за Захир Бекири-Чауш

Јавното обвинителство бара притвор за Захир Бекири-Чауш
За  Захир Бекири-Чауш Јавното обвинителство бара притвор. Од обвинителството велат дека ова  барање за притвор е за случајот Фабрика за афери. Бекири веќе е на издржување на казна затвор за друго кривично дело. Според обвинителството, издржувањето на казната затвор,  не ја исполнува целта ниту пак ограничувањата кои се постигнуваат со мерката притвор. Од Обвинителството потврдуваат дека побарале притвор и за еден од петмината приведени во вчерашната акција. Станува збор за лице осомничено за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи за кого основниот суд веќе го прифати барањето и одреди 30 дневен притвор. Во меѓувреме е побарано мерка притвор и за уште еден приведен, но од судот нема информации дали ќе биде одредена оваа мерка. Останатите тројца кои беа приведени се пуштени на слобода. Обвинителството вчера изврши претрес во домот на двајца браќа и сестрата на Чауш, каде се пронајдени хард диск, компјутер, оружје и документи.
Слично

Поврзани вести