Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јавното обвинителство бара притвор за осомничените во „Шпион“

Јавното обвинителство бара притвор за осомничените во „Шпион“
Во скопскиот Кривичен суд, во тек е распитот на 17 лица приведени во акцијата „Шпион“ пред истражен судија. Со кривичните пријави, Основното јавно обвинителство, до Судот има доставено и предлог за определување мерка притвор за осомничените. По завршување на распитот ќе биде позната и одлуката за притворот. Во вчерашната акција на Министерството за внатрешни работи опфатени се 22 лица, беше извршен претрес во домот на 17 лица, тројца се недостапни за органите на прогонот, додека двајца издржуваат казна затвор за други кривични дела. Осомничените незаконски поседувале и им одавале класифицирани информации и државни тајни на странски служби, со што ја довеле во прашање безбедноста на државата. Cиноќа беше ослободен режисерот Борис Дамовски.
Слично

Поврзани вести