Јавноста нема да смее да го следи судскиот процес за „Шпион“
Посебни правилата за новинарите ќе важат за време на судскиот процес „Шпион“. Јавноста ќе биде исклучена во дел од постапката, а како што појасни портпаролот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Тугеџиќ, јавното обвинителство е надлежно да реагира и да поведе постапка за изнесувањето информации од истрагата од страна на некои медиуми.
Судскиот процес за „Шпион“, каде 20 лица се сомничат за злосторничко здружување, оддавање на државни тајни и уценување на јавни личности суште не се знае кога ќе започне. Сепак, од судот информираа дека е побарана декласификација на тајните податоци кои ги изнесувале обвиниетите и вештачење на материјалните докази, по што тие ќе и бидат презентирани на одбраната.
Од судот велат, процесот е недостапен за јавноста бидејќи се работи за чуствителен предмет.
„Кога има класифицирани податоци ние бараме декласификација од органот кој ги има донесено, потоа ние ги разгледуваме но, тоа не значи дека може било кој да ги користи. Остануваат со ограничена употреба само за судот и одбраната и не смеат да се коемнтираат надовр од судот“, изјави Туфегџиќ.
Оттука, судот ќе проценува на кои рочишта ќе присуствуваат новинарите.
„ Тоа никако не значи дека на странките и адвокатите ќе им биде ускратено правото на одбрана или правото да направат свој посебен концепт на одбрана затоа што во моментот кога ќе пристигне актот за декласификација овие докази ќе бидат презентирани на странките и нивните бранители, за да можат понатаму да направат сопствен концепт на одбрана, но нивната содржина и понатаму нема да може да ја изнесуваат од судот во јавноста", се правдаше Туфегџиќ.
Истрагата треба да финишира со обвинение најдоцна за 6 месеци од притворањето на обвинетите. Во акцијата „Шпион" беа уапсени 17 лица меѓу кои функционери во Агенцијата за разузнавање, Управата за безбедност и контраразузнавање, полициски инспектори, вработени во државниот архив. По тројца кои се во бегство распишана е и меѓународна потерница. Сите од судот добија мерка притовор.
Слично
