Јавноста ја чека новата цена на струјата, што вели Ковачевски?
Jaвноста е во очекување за новата цена на струјата.
Евтината струја останува, но корекција на цената ќе има.
„Правиме напори во компанијата да го прилагодиме производството на електрична енергија со цел тоа да може да ги покрие до 100 отсто барањата на ЕВН Хоме, а цената ќе ја определи Владата. Нашите очекувања се дека ќе нема зголемување на цената, но на крајот одлуката ќе ја донесе Владата“, вели Ковачевски.
Тој објаснува дека ЕСМ ќе направи напор да обезбеди 100 отсто од потребната количина на струја, бидејќи, како што вели, ако државните електрани покријат само 70 отсто, разликата од 30 проценти количина на енергијата, ЕВН Хоме ќе треба да ја купува на слободниот пазар.
Слично
