Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јавноста бесна, за адвокати снимката е легална, сериозни закани упатени кон дадилката!

Јавноста бесна, за адвокати снимката е легална, сериозни закани упатени кон дадилката!

Откако со шок и неверување ја дочека веста за дадилката која безмилоснио малтретира девет месечно бебе  македонската јавност со сериозни закани бара казна за осомничената жена.

Социјалните мрежи буквално „вриеја“ од гнев и револт поради малтретирањето на бебето и бараа, како што сами ја нарекуваа „жената монструм“ да добие висока казна.

За низа адвокати видео снимката е легална и е направена  од страна на сопственикот на домот при што не се нарушува приватноста, а некои пак дури посочуваат случаи каде токму снимки од видео камери биле уважени како докази.

Наспроти правниците адвокатот на дадилката ги смета снимките за незаконско прибавени и бара истите да се изземат.

Веднаш после откривањето на случајот, се огласи лицето Ванчо Митев, преставувајќи се наводно како адвокат на дадилката.

„Законот е јасен за тоа што може да биде земено како доказ, а што не. Затоа барам издвојување на тие докази. Тоа требаше да биде земено предвид уште пред да се донесе решението за притвор. Мора да се почитува презумцијата на невиност“, напиша на својот Фејсбук профил Митев.

Инаку денес од Основниот суд во Скопје соопштија дека дадилката добила 30 дена притвор и се наоѓа зад решетки, а од МВР велат дека случајот е документиран и е поднесена кривична пријава против дадилката.

За случајот објавија и медиумите од соседството, кои со големо неверување и шокантни наслови ја пренесоа информацијата.

Слично

Поврзани вести