Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јавно обвинителство: Предметите за злоупотреба со ИПАРД се во предистражна постапка

Јавно обвинителство: Предметите за злоупотреба со ИПАРД се во предистражна постапка

Европската Унија истражува во Македонија злоупотреби на европски пари од ИПАРД програмата која е наменета за земјоделците, објави Алсат М.

Станува збор за два одвоени случаи, каде што има индиции дека се направени злоупотреби на околу 200 илјади евра. Наместо комплетно нова механизација, постојат сомнежи дека е набавена механизација со репарирани делови.

Но, треба да се утврди дали во таква злоупотреба биле вклучени и оние кои ги набавиле машините со европски пари, или пак злоупотребата е од оној кој им ги продал како нови. Во истрагата бил вклучен и Интерпол. Од Јавното обвинителство посочуваат дека предметите се во предистражна постапка и не може да соопштуваат детали.

„Претежно случаите за кои се води предистражна и истражна постапка веќе се во надлежност на Јавното обвинителство. Се работи за случаеви каде што претежно фабрики и земјоделски комбинати набавуваат опрема, која не е во согласност со европските стандарди. Од страна на финансовата полиција постапката е завршена, а во делот на Јавното обвинителство не би можел да ви одговорам“- изјави Александар Тргачевски, директор на финансова полиција.

Слично

Поврзани вести