Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јавно обраќање до Кривичен суд: Вашите пресуди одредуваат човечки судбини

Јавно обраќање до Кривичен суд: Вашите пресуди одредуваат човечки судбини

На иницијатива на членовите на CEED Club Gold  во продолжение Ви проследувамe писмо - “Јавно обраќање до Кривичен Суд“ во знак на поддршка за Владимир Куновски, кој беше учесник во програмите на CEED Македонија.

Писмото е јавно барање од подолу потпишаните сопственици и менаџери, за преиспитување на одлуката за куќниот притвор на колегата Владимир Куновски, при што, во него се предочуваат можните последици од таквата одлука коишто е потребно Судот да ги има предвид при носење на одлуката.

CEED Македонија (Центар за претприемачи и менаџери) е дел од интернационалната мрежа на претприемачки центри за развој на малите и средни претпријатија со свои канцеларии во 14 земји во светот.

„Апелираме до Кривичниот суд да земе предвид дека продолжувањето на куќниот притвор на Владимир Куновски значи и казна за него и неговото семејство. Немаме никаква намера да навлегуваме во судскиот процес туку единствено да ги потенцираме негативните последици на судската одлука за продолжувањето на куќниот притвор. Веруваме (односно се надеваме) дека одлуката е законски основана, но не сме сигурни дека се посветува доволно внимание на последиците.

Владимир е наш пријател и соработник во реализација на долгогодишна програма за развој на малите бизниси во државава. Сите ние потпишани подолу, сопственици и менаџери на  домашни компании, заедно учиме, споделуваме искуства и реализираме различни активности со единствена цел- да го унапредиме нашето работење и да придонесеме кон подобрување на целата домашна економија. Одлуката да се продолжи притворот на Владимир истовремено е силен удар на неговата компанија. Скромниот Хотел 7 кој тој и неговото семејство го поседуваат и во кој Владимир работи заедно со својата сестра веројатно наскоро ќе биде затворен. Причината е едноставна - без Владимир хотелот нема никаква можност да опстане. Со тоа ќе пропадне сé што е во него инвестирано: пари што тешко се обезбедени со многу откажувања, и секојдневен макотрпен труд во изминатите 11 години. Но, уште позагрижувачки се негативните последици врз неговото семејство. Хотелот е извор на приходи за Владимир, неговата сопруга и нивните две малолетни деца. Затворањето на семејниот бизнис значи и неизвесна иднина за сите нив.

Се надеваме дека ова обраќање ќе стигне до Кривичниот суд и дека ќе биде предмет на размислување во понатамошната судска постапка“.

Со почит,

Владимир Вецовски, Р3 инфомедиа

Горан Антевски, Раде Кончар ТЕП

Радмила Ханџиска Арабаџи, Медикус хелп

Петар Лазаров, КП Македонија експорт

Даница Личанин Блажеска, Рептил маркети

Анита Христова, Христови инженеринг

Дарко Јовановски, Фрагмент комуникации

Звонко Блажески, Рептил маркети

Јове Тодоровски, Конгресен сервисен центар

Или Марку, Унија финансиска

Борјан Тошевски, Приматекс

Калин Бабушку, КП Македонија експорт

Биљана Киселички, Кавета

Викторија Шотароска Трајкова, П.И.К.Ко

Ана Канческа, Раде Кончар ТЕП

Данче Чакаровска Гроздановска, Адвокатска канцеларија Чакаровска

      Васко Темелкоски, Еуромак контрол

Јован Маџовски, ЦЕЕД Македонија

Владимир Киселички, Хаусмајстор домување

Петар Наумовски, Млекара Здравје Радово

Рино Шаровиќ, Микпром

Робин Зимбаков, Солопром

Игор Христов, 4Виртус

Елисавета Маринковска, Македо Комерц

Слично

Поврзани вести