Јавните претпријатија започнаа со уплаќање на добивките кон буџетот
Со уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба инсолвентните трговски друштва кои се во целосна сопственост на државата започнаа да ја уплаќаат својата добивка во државниот буџет.
За време на траењето на
вонредната состојба ќе се применуваат одредбите од
оваа уредба со законска сила добивката се уплаќа во Буџетот, а потоа владата донесува одлука за распоредување на истите врз основа кон трговски
друштва во целосна или доминантна сопственост на
државата кои имаат потешкотии во работењето.
Јавното претпријатие Службен весник, на денешната седница на Управниот одбор одлучи во државниот буџет да ја уплати досегашната акумулирана добивка од 100.000.000 денари или 1,6 милиони евра.
– Во услови на вонредна состојба, ЈП Службен весник на Република Северна Македонија, како општествено одговорна институција одлучи овие средства да ги уплати во буџетот на Република Северна Македонија и во рамките на антикризните мерки, да ги стави на располагање на владата на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од ЈП Службен весник на РСМ.
