Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јавните набавки – дувло за незаконие и корупција?

Јавните набавки – дувло за незаконие и корупција?

Фантастични 700 милиони евра годишно, пари што се вртат преку Јавните набавки завршуваат во нечии џебови или се буквално “фрлени“. Според проценките на Вук Марш, прв човек на невладината МАНС од Црна Гора, оваа сума на пари е загубена преку јавните набавки што се спроведуваат во четири земји од Западен Балкан: Србија, Македонија, Црна Гора и Босна. Истражувањето за одливот на пари веќе било спроведено на ниво на Европската Унија. Податоците покажале дека 18% од парите што се вртат преку јавните набавки завршуваат во “бунар“.

“Јавните набавки треба да бидат синоним за одговорно трошење на парите, но во рамките на Европската Унија. Тука, на Балканот, јавните набавки имаат и друга димензија, односно тоа е прашање за слободата на трговијата. ЕУ веќе има четврта генерација на секундарно законодавство за Јавните Набавки и секоја земја мора да најде начин како да одговори на овие барања“ - оцени Јадранка Јелиниќ, прв човек на фондацијата “Отворено општество “– Србија. Македонија и Босна - лидери според уделот на Јавните Набавки во БДП!

Црна Гора е најтранспарентна кога станува збор за јавните набави бидејќи предничи според бројот на набавки што се спроведуваат преку отворена постапка. Македонија обезбедува најголема конкурентност на тендерите. Сепак, лани е регистрирано влошување на овој критериум.

“Просечниот број на учесници по тендер според официјалните податоци во 2012 година изнесувал 4 понудувачи. Вака навидум високиот просек го прикрива проблемот дека во многу значаен дел од тендерите во Македонија односно од 30% до 40% од нив, нема повеќе од еден понудувач. Високиот просек е резултат на силна конкуренција која постои во само мал дел од областите (канцелариски материјал, ИТ опрема и сл.) како и на спроведување на обемни тендери во здравството кои опфаќаат голем број на делови, кои се однесуваат на разни видови на лекови и потрошувачки материјал, по што разбирливо на еден тендер се јавуваат голем број на понудувачи“ – објаснува за “Фактор“ Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации. Најмногу пари за јавни набавки троши Србија, по неа е Босна и Херцеговина, трета е Македонија и на крај Црна Гора. Еве колку пари троши оваа “четворка“ од Западен Балкан ( податоци за 2012 та година) : Србија 2,6 милијарди евра Босна 1,8 милијарди евра Македонија 0,9 милијарди евра Црна Гора 0,3 милијади евра Сепак, ако овие апсолутни бојки се споредат во однос на Бруто Домашниот производ, тогаш предничат Македонија и Босна, додека помало учество на Јавните Набавки во вкупниот БДП имаат Црна Гора па Србија. Удел на јавните набавки во БДП ( 2012 та година) : Македонија 12,0% Босна 13,0% Црна Гора 10,2% Србија 8,7% Македонија е во исто време и водечка земја од оваа група според уделот на раходите за јавните набавни во однос на вкупните буџетски расходи со  37 отсто. “Ова би значаело дека околу една третина од расходите отпаѓаат на јавните набавки и околу 11% од БДП се прерасперделува преку државните купувања. Ако се земат предвид напорите за фискална консолидација, за намалување на јавната потрошувачка и јавните дефицити, со цел приближување на Мастришкиот критериум, очигледно е дека најголем опсег за подобрување на ефикасноста постои во областа на јавните набавки.“ - стои во најановиот извештај “ Кон ефикасни јавни набавки“. Главно, земјите од Западен Балкан ја имплементирале законската регулатива што ја диктира Европската Унија, проблематична останува примената на законите. “Во Босна, законското решение е донесено во 2004 та година, од тогаш е менувано повеќе пати, но главно од технички аспект. Ако анализирам од аспект на парвниот оквир, тогаш можам да кажам дека ни дава можност да се приклучиме кон ЕУ, но сите ние хронично патиме од неимплемантација на регулативата“ – смета Мерван Мирашчија од невладиниот сектор од Босна Херцеговина. Договори во четири очи – симптом за нетранспарентност и корупција!  Иако земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, веќе го имплементираат електроснкиот систем на Јавни нбавки, сепак тоа не значи и дека е обезбедена целосна и потребната транспарентност и елиминирање на факторот “корупција“. Анализата на невладиниот скеотр покажува дека во 2012 та година во Србија и Македонија се зголемиел процентот на јавните набавки што се спроведуваат со преговарање, без објавување на јавен оглас. Еве какво е учеството на јавните набавки со преговарање, без да се објави јавен оглас во вкупната структура на јавни набавки : Босна 50 % Србија 25% до 28% Македонија 4% до 8% Црна Гора 3% до 4% “Со постапката за преговарање без објавување на оглас, во вториот квартал од 2013 година, се склучени 335 договори во вкупна вредност од 11,5 милиони евра. Вредноста на овие договори во првото полугодие од 2013 година достигна 22,6 милиони евра. “ – пишува во најновиот Извештај на Центарот за граѓански комуникации со кој е опфатен вториот квартал од годинава.

Со оглед на тоа што расте бројот на договори склучени без објавување на оглас, на Биро за јавни набавки му се препорачува да преземе соодветни мерки.

“Треба да се преземат соодветни мерки за намалување на примената на оваа постапка имајќи предвид дека порастот на бројот на договори склучени преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас е последица на малата конкуренција и на неодржување на е-аукциите, но и на леснотијата со која институциите ја користат оваа постапка не водејќи сметка дека трошењето на јавни пари бара високо ниво на транспарентност и отчетност“ – пишува во извештајот Центарот за граѓански комуникации.

А.Д.
Слично

Поврзани вести