Јавниот повик почна, Огревното дрво од 2016 ќе се продава на нов начин!
Огревното дрво од следната 2016 година ќе се продава на поинаков од досегашниот начин.
Имено од ЈП „Македонски шуми“ велат дека ова се прави со цел да се скратат роковите за доставување на дрва и прецизно да се утврдат количините на дрво кое што треба да се испорача до крајните потрошувачи.
Буковото и дабовото дрво остануваат со исти цени како и годинава, 2370 денари по метар квадратен за буково огревно дрво и 2450 денари по метар квадратен за дабово дрво.
Од ЈП „Македонски шуми“ информираа дека пензионерите и инвалидите ќе можат да аплицираат за дрво најдоцна до 15.03.2016 година во подружниците на ЈП и огревното дрво ќе можат да го плаќаат на 8 рати.
Барањата за огревно дрво физичките лица од социјално ранливи категории, социјални случаи, лицата со попреченост во развојот, деца без родители, самохрани родители, стечајни работници, семејства на бранителите , членови на семејствата на вработени кои загинале при работа ќе можат да поднесуваат најдоцна до 15.03.2016 со тоа што ќе треба да достават потврда за докажување на статусот и плаќање на 8 рати додека сите други физички лица ќе можат да аплицираат за огревно дрво до 15.03.2016 со тоа што огревното дрво ќе можат да го купат на 5 рати или со готовинска уплата.
За правните субјекти кои се регистриани за промет на дрво и дрвни сортименти плаќањето е авансно, а крајниот рок за поднесување апликација е 31 март 2016 година.
