Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАВНИОТ ДОЛГ РАСТЕ - еве која вредност ја достигна и треба ли да не загрижува

ЈАВНИОТ ДОЛГ РАСТЕ - еве која вредност ја достигна и треба ли да не загрижува

На крајот на првиот квартал од годинава јавниот долг на земјава ја надмина психолошката граница од 50 проценти од БДП и достигна 50,7 отсто, говорат најновите податоци за состојбата на долгот што ги објави Министерството за финансии.

Минатата година земјава ја заврши со јавен долг од 48,9 отсто. Тоа значи дека само во првото тримесечје од годинава тој е зголемен за 1,8 процентни поени. 

Ако се гледа во апсолутен износ, за три месеци земјава е позадолжена за 19 милиони евра. Или, на крајот на март вкупниот јавен долг изнесувал 5,559 милијарди евра, наспроти 5,540 милијарди евра колку што сме должеле на крајот на декември минатата година.

Зошто јавниот долг  во апсолутен износ не е порснат за значајна сума, а има поголем раст на неговиот процент од бруто-домашниот производ, веројатно се должи на фактот што поради кризата се веќе намалени проекциите за износот на БДП, па заради тоа се зголемува учеството на долгот.

Доколку се погледне поединечно, ќе се види дека во првите три месеци од годинава значајно се намалил надворешниот долг, а се зголемил домашниот. 

Повеќе детали за задолженоста на земјава и за тоа дали тоа треба да не загрижува, како и за реакциите на повеќе релевантни фактори, прочитајте тука.

Слично

Поврзани вести