Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јавниот долг на Македонија -скоро 44% од БДП

Јавниот долг на Македонија -скоро 44% од БДП
3 милијарди и 923 милиони евра или 43,7 % од бруто домашниот производ е јавниот долг на државата заклучно со вториот квартал од годинава, објави Министерството за финансии. Во споредба со првиот квартал од годинава, јавниот долг на Македонија се зголемил за 0,1% или 10,8 милиони евра за период од три месеци. Намалување има кај надворешниот јавен долг кој се намалил за 13,5 милиони евра и сега изнесува 2 милијарди 818 милиони евра. Од друга страна, внатрешниот јавен долг се зголемил и заклучно со јуни изнесува 1 милијарда 305 милиони евра. За еден квартал долгот на домашните кредитори е зголемен за 24,3 милиони евра. Инаку, со ребалансот на буџетот кој е во собраниска процедура, се предвидени зголемени расходи за 85 милиони евра и дефицитот се зголемува за 27,4 милиони евра,  со што ќе достигне до 327,4 милиони евра. Но и покрај тоа, министерот за финансии Зоран Ставрески уверува дека државата ќе остане во сигурна зона на ниско до средно задолжена земја.
Слично

Поврзани вести